132 сообраќајни прекршоци во Скопје за едноноќие

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 23 прекршоци што ги чинат пешаците. Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење мобилен телефон, 28 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.