130 милиони денари за спортски капацитети во Ѓорче Петров

Две спортски сали, две фудбалски игралишта, три повеќенаменски игралишта, тениски терен, спортски полигон и фудбалско игралиште со вештачка тревам. Ова се проектите реализирани во изминатите неколку години, во насока на зголемување и подобрување на спортските капацитети на Општина Ѓорче Петров, за што беа вложени вкупно 130 милиони денари. 

Со програмата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува и дополнителна изградба на четири терени за кошарка, односно „Street basket“ и еден тениски терен. Ова го најави кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој нагласи и дека Ѓорче Петров во последниот период доби и 5 улични вежбални. 

За споредба, во Општина Бутел, вложени се околу 70 милиони денари во спортски капацитети. Но, во иднина со програмата „Реално“, се предвидува изградба на повеќенаменско игралиште како и спортска сала и три игралишта за популарниот „Street basket“.