13 причини поради кои се чувствувате несреќно

Се будите секое утро, мразејќи го денот кој е пред вас. Се потсетувате на гужвата во сообраќајот, шефот кој ве нервира и пријателите кои во последно време и не се јавуваат толку често. Посакувате подобро работно место, подобар шеф, подобри пријатели.

Едноставно знаете дека сте создадени за нешто поголемо.

Можеби сакате да заминете од државата правејќи нешто друго, можеби сакате само да работите друга работа или пак да идете поинаква личност. Но, што ве спречува?

Ова се 13 причини поради кои се чувствувате неисполнети и несреќни.

Не сте мотивирани.

Чекате некој да дојде и да ве мотивира. Но, проблемот е дека никој нема да го направи тоа за вас. Затоа, запрашајте се : што можам да направам денес што може да има најголемо влијание на мојот живот?

Ги обвинувате другите луѓе.

Најчесто, 80 % од причините поради кои не успеваме лежат во нас. Само 20% од нештата зависат од условите околу нас.

Трошите време.

Фејсбук, Твитер и останатиот дел од интернет. Или пак, дружење со колегите кои и онака не ги сакате. Доколку не ве исполнува, престанете да го правите тоа.

Не се грижите за себеси.

Не спиете доволно, не вежбате, не внимавате на исхраната. Запрашајте се: Што треба да престанете да правите? Што треба да почнете да правите?

Не го „вежбате“ мозокот.

Кога последен пат сте прочитале книга за да научите нешто ново? Или пак сте се одлучиле за часови за странски јазик или некаква обука која ќе ви помогне да се развиете лично или професионално?

Очекувате совршеност.

Престанете веднаш. Бидете подготвени на неуспех, повторно и повторно сè додека не успеете.

Не ви се јасни сопствените цели.

Дали воопшто знаете што сакате? Дали знаете како да стигнете до таму? Потребна ви е јасност на целите за да се движите напред.

Мислите дека знаете сè.

Наместо да го мислите ова, прочитајте ги приказните на успешните луѓе и ќе сфатите дека тие учат секојдневно, не само од книгите туку и од сите оние кои се околу нив.

Не ги завршувате работите.

Се занимавате со повеќе работи истовремено и не можете да завршите ниту една од нив. Завршете го тоа што сте го започнале.

Постојано губите концентрација.

Одговарате на пораки на Фејсбук, меилови, телефон, договарање средби. Секоја од овие работи може да почека. Фокусирајте се на тоа што е важно во моментот.

Вие сте најлошиот свој критичар.

Станете свој поддржувач. Охрабрете се себеси да го направите најдоброто и верувајте дека работите ќе се придвижат напред.

Не одредувате рокови.

Направете мала игра од вашите обврски. Обидете се да ги победите роковите, решавајќи ги задачите една по една.

Се жалите постојано.

Наместо тоа, обидете се да најдете решение. Како можете да ги решите своите проблеми?