128 санкции за возење под дејство на алкохол, измерени речиси 4 промили кај скопјанец

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив, 56 на територијата на СВР Скопје, 17 на територијата на СВР Куманово...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

При засилените контроли, измерени се рекордни 3,87 промили алкохол, што е досега рекорд измерен на македонските коловози. 

Рекордни 3,87 промили алкохол вчера во 22:03 часот му биле измерени во крвта на возач, кој бил запрен од сообраќајната полиција во Скопје.

Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.

Законски кај нас не се дозволени повеќе од 0,5 промили алкохол.