121 сообраќаен прекршок во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64, седум за возење без возачка дозвола, 4 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкции за некористење сигурносен појас и 24 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.