1200 помлади полицајци добија комплетно нова службена униформа

1200 помлади полицајци добија комплетно нова службена униформа. На овој начин се продолжува со проектот “Опремена полиција – побезбедни граѓани”, велат од МВР, и најавуваат дека во следниот период ќе продолжи доопремувањето на ЕБР и посебнта единица.

Спасовски информираше и дека се обновени седум полициски станици, а три ќе добијат комплетно нова опрема.

Од МВР најавија дека во консултации со МПС, од идниот месец е договорено и зголемување на платата на полицискиоте службеници, преку зголемување на бодови.