12 забавни факти за Раковите

Ако во вашето опкружување имате некој роден во хороскопскиот знак Рак, еве што треба да знаете за нив:

Нивно мото и она што најдобро ги опишува е „Јас чувствувам.“

Раковите се фокусирани на семејството. Тоа им секогаш на прво место. Тие се многу заштитнички настроени, особено кон оние кои ги сакаат, па затоа не е за изненадување фактот дека тие се многу добри родители.

Нивна боја е сивата боја.

Тие се многу вредни работници и речиси никогаш не дозволуваат чувствата да се мешаат во работното опкружување. Кога ќе прифатат некоја работа, не се откажуваат додека не ја спроведат до крај. Иако се многу емотивни и чувствителни, знаат да го разграничат професионалното од приватното.  

На Раковите им е потребен партнер кој во целост ќе ги разбира токму заради нивната чувствителна природа.

Нивниот скапоцен камен е рубин. 

Многу ја ценат искреноста и не би требало да се обидувате да ги излажете. 

Нивни среќни броеви се 4 и 6. 

Чувството на сигурност е многу важно за нив. 

Идеален партнер е некој роден во знакот Скорпија. 

Сите работи што ги прават ги прават со голема страст. 

Познати личности родени во овој знак се: Селена Гомез, принцезата Дијана, Том Хенкс, Том Круз и Роби Вилијамс.