
Хаосот на улиците и булеварите низ Скопје не е толкав проблем колку што е паркирањето на возачите. Затоа, не ретко, во полициските билтени се нотирани случаи на тепачки и инциденти предизвикани по караници поради паркин место.
Твитерџија сними видео од еден случај во кој очигледно е дека обележаните паркинг простори не се користат рационално.
- Да научиме да паркираме како што треба, бројот на паркинг места во Скопје ќе се зголеми за 30%, гласи коментар на објавеното видео.
12 возила на 17 паркинг места! Поголема себичност немам видено!
Да научиме да паркираме како што треба, бројот на паркинг места во Скопје ќе се зголеми за 30%. https://t.co/DI7TFJzuwd
— zeroSignal (@zrosgnl) August 5, 2025