12 скопски улици попладнево без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат повеќе улици од општина Аеродром.

Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Мите Богоевски бб (кај Зур Маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Мите Богоевски, Дванаесета Македонска Бригада, Илија Димовски-Гоче, Димитар Македонски,Ван Гог, Архитект Сотир Томовски, Црноризец Храбар, Митре Влаот, Благоја Мучете, Ѓорѓи Андреевиќ Кун, Димитар Благоев и дел од Тодор Чангов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до завршување со работните активности.