12 работи кои му штетат на вашето ментално здравје

Менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото. Нашата психичка состојба влијае и врз нашето физичко здравје, врз нашиот успех и врз односите со другите. Во време кога депресијата е психичка состојба која редовно се јавува кај луѓето, мораме да преземаме мерки за да се заштитиме од негативните влијание. Погледнете што се негативно влијае на вашето ментално здравје и ослободете се од негативните влијанија.

1. Одите подгрбавено

Иако малкумина знаат за ова, сепак начинот на кој се движиме може многу да влијае на нашето расположение. Истражувањата кои биле правени покажале дека луѓето кои оделе згрбавено биле поподложни на негативни расположенија, за разлика од оние кои оделе исправено кои биле повесели. Воедно тие што оделе позгрбавено често имале навика да се сеќаваат и мислат на негативни работи, додека оние кои оделе исправено имале попозитивни мисли. Затоа, главата горе, рамената назад и одете исправено!

2. Постојано сликате

Благодарение на Инстаграм и паметните телефони, навикнати сме постојано да сликаме и да правиме што е можно поубави слики. Но, едно истражување покажало дека ние речиси и не ги паметиме моментите кога ги сликаме. Истражувањето се состоело во набљудување на луѓе додека се во музеј и потоа интервјуирање на оние кои постојано сликале и оние кои не сликале. Луѓето кои сликале речиси воопшто и не се сеќавале на сликите и статуите кои ги сликале за разлика од оние кои не сликале. Затоа, оставете го телефонот и живејте во моментот, ќе бидете многу посреќни и ќе имате поубави спомени.

3. Дозволувате да ве малтретираат

Кога дозволувате луѓето да ви се качуваат на глава и премолчувате, си правите ужасна услуга. Тоа доведува до депресија, ниска самодоверба и немање желба и мотивација за ништо. Борете се за себе и спротиставете им се на луѓето кои ве малтретираат!

4. Не вежбате

Истражувањата покажале дека ако човек вежба три пати неделно, го намалува ризикот од депресија за 19%. Луѓето кои воопшто не вежбаат, имаат поголеми шанси да паѓаат во депресија, отколку оние кои вежбаат. Вежбањето и физичката активност ќе ви помогне да го исфрлите стресот и да ги прочистите мислите, а некогаш само и тоа ни е потребно.

5. Премногу сериозно го сфаќате животот

Ако сте од оние луѓе кои ако се сопнат на улица се препотуваат од срам, време е да се опуштите. Не го сфаќајте животот толку сериозно. Во секоја ситуација наоѓајте причина за да се насмеете и да ја свртите работата на шега. Смеењето е најдобар лек против депресија и нервоза.

6. Никогаш не сте сами

Една од најважните работи за сочувување на вашето ментално здравје е времето кое си го посветувате самите на себе. Иако живееме во динамично време во кое сме постојано опкружени со луѓе, посветувањето на самите себе и времето кое го поминуваме сами мора да биде императив. Постојаното опкружување со луѓе може да ви ја исцрпи енергијата и да направи да се чувствувате празно, така што одвојувајте секој ден време за сами себе и за активностите кои вам ви се битни.

7. Не можете да живеете без телефонот

Ова е едно од проклетствата на новото време. Приклучени сме на телефоните исто како што се тие приклучени на полначот. Постојано сликаме, проверуваме Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Пинтерест, мејл и поголемиот дел од слободното време го поминуваме на телефонот. На тој начин никогаш потполно не го одмораме мозокот и само повеќе го оптоваруваме. Ограничете го времето кое го поминувате на телефонот и веднаш ќе ја забележите разликата.