12 очигледни знаци дека сопругот ве изневерува

Не треба да ги игнорирате знаците кои ви ги испраќа потсвеста или промената во однесувањето на партнерот. Нормално е дека тие чувства во врската не се толку интензивни како на почетокот, но поради тоа не би смееле да се чувствувате несреќно, бидејќи со годините љубовта едноставно влегува во помирни води.

"Постојат секојдневни ситуации од кои може да се заклучи дали сопругот има љубовница, меѓутоа треба да се обрне внимание на нив", велат експертите за љубовни врски.

12 очигледни знаци дека сопругот ги изневерува, но жените не го гледаат тоа:

1. Вообичаените знаци се кармин на неговата облека, гребаници по телото кои асоцираат на сексуален однос, мирис на друга жена на облеката или косата. Посебно сомнително е ако овие знаци ги забележите повеќе пати.

2. Одеднаш работи повеќе, често оди на службени патувања кои траат по неколку денови или троши повеќе пари на излегувања, ресторани, хотели...

3. Иако седи до вас, често е духовно отсутен, како да е во некој свој свет.

4. Посветува повеќе внимание на изгледот, особено бира како ќе се облече, често се бричи, одеднаш сака да го доведе своето тело во форма, се тушира пред да оди во кревет, а не претходно... Бидете сомнителни и ако го чисти автомобилот повеќе од вообичаено.

5. Возбудено ви зборува за новата колешка од работа која е сама или дури и за вашата пријателка, често поттикнува теми за нив...

6. Престанал да ве забележува дури и да облечете вреќа на себе, нема интерес да поминува време со вас. На една жена, чиј сопруг ја изневерувал, пламен од свеќа и ја зафатил косата, а тој не го ни забележал тоа...

7. Пријателите, колегите од работа или семејството пробуваат да ви дадат до знаење дека вашиот сопруг има љубовница. Очигледно знаат нешто што вие не го знаете.

8. Интуицијата ви "вришти" дека тој има љубовница. Немојте само да го отфрлувате тоа како невозможно. Интуицијата е многу моќна и знае многу повеќе од тоа што сакате да си го признаете сами на себе.

9. Ве обвинува за љубомора, вели дека не сте нормална... Кај изневерувачите нападот на партнерот е често обид да се сокрие она што го прават, а не би смееле.

10. Ги крие СМС пораките, повиците, односно не сака неговиот мобилен да дојде во ваши раце. Исто е и со мејловите, социјалните мрежи... Некои прељубници имаат втор мобилен телефон за кој сопругата не знае.

11. Одеднаш станува многу љубезен кон вас. Ви дозволува да гледате што сакате на телевизија, ви купува подароци, ве води во ресторани... Некои го прават тоа бидејќи се посреќни во животот поради љубовницата, а други бидејќи совеста не им дава мир, па сакаат да се искупат.

12. Постојано ви наоѓа мани или ве обвинува без никаква причина дека имате афера. Често е нервозен, бидејќи не му е постојано лесно да лаже или да внимава да не биде откриен. Често неоткриените љубовници мислат дека ако тие го направиле тоа незабележително, тогаш зошто не би можела и нивната сопруга.