12 луксузни соби и два апартмани: Нов хотел во близина на скопскиот аеродром

Наскоро хотелот Мирор ќе ги пречека своите први гости. Новиот хотел се наоѓа на 700 метри од скопскиот аеродром . Има 12 луксузни соби и два апартмани, надворешен базен, ресторан и бар како и сопствен ревоз до аеродромот.

Ове е едниот од трите најавени нови хотели кои се градат во оппштина Петровец во близина на „Меѓународен аеродром Скопје“ . Минатата година општината продала три парцели за изградба на хотели.

Едниот од тројцата инвеститори е Македонец, кој живее во Австрија, едната инвестиција е на австриски инвеститор, а третата е на инвеститор од Албанија.

Воедно во оваа општина има голем интерес од инвеститори за купување на парцели за изградба на производствени погони во индустриската зона Ќијлија која е во близина на аеродромот.

Ниската цена на комуналиите и на градежното земјиште, се главните причини за големата заинтересираност за локациите во зоната. Зоната Ќојлија е лоцирана на влезот кај аеродромот. Се протега на површина од речиси 200 хектари, а наскоро со проширувањето ќе добие уште 30 хектари. 

Покрај хотелите во оваа општина од пред неколку месеци се пушти во употреба италијанската болница од светски калибар. Тука се сместени приемниот деск, ресторан, кафуле, аптека и супермаркет. На четвртиот кат има хотел со 30 соби.

Изградбата на овој објект во Петровец на италијанскиот инвеститор Еуроиталија започна во 2011 година кога беше поставен камен темелникот на објект кој првично беше наменет за трговскиот центар. Италијанците тогаш најавија дека ќе инвестираат 10 милиони евра во Петровец.

По кратко време објектот беше пренаменет во луксузна болница која ќе е опремена со најсовремена апаратура, а вредноста на инвестицијата порасна на 50 милиони евра.