12 и пол години затвор за човекот кој изврши полов напад врз ќерката на Весна Бејби Петрушевска

Пред една година ќерката на Весна Петрушевска стана жртва на педофил. Оттогаш Весна гласно зборуваше за ужасниот настан и се обидуваше да најде правда за својата Мина и сите дечиња со слична судбина во Македонија, кои за жал од срам често и не ги пријавуваат монструмите.

Мајката кралица конечно доби правна разрешница и се огласи на Фејсбук.

-После точно една година борба, емотивни страдања, правен процес денес имаме јас и Мина голема победа !12 години и 6 месеци казна! Ова е приказна која охрабрува и дека не треба да се кријат работите …прво и единствено е правото на детето!#стоппедофилија! Мина те сакам ти си мојот херој, лавице моја ! Благодарам на поддршката, напиша таа.