12 годишната Анастасија ќе биде оперирана следната недела - Филипче ќе го пријави во МВР лекарот кој барал мито

12 годишната Анастасија од понеделник ќе биде пациент на Клиниката за ортопедија. Откако ќе бидат направени неопходните испитувања најдоцна до наредната среда ќе ја оперира директорот на установата Виктор Камнар. 

По вчерашната сторија на Сител за шестмесечната голгота низ македонските болници  на скромното семејство од скопско Марино, лично министерот Филипче се ангажира девојчето да ја добие потребната здравствена услуга во јавното здравство. Мајката утринава разговарала со докторот околу лекувањето на детето

- Ќе се направи со матични клетки, тоа било експериментален метод ама го работеле и ќе биде во ред. На почетокот нема да може на физичко да игра, но понатаму ќе видиме, се надеваме ќе биде се во ред, изјави Тања Симеонов, мајка на Анастасија.

Тања на министерот му го кажала и името на лекарот од Клинички кој им барал мито од 700 евра да ја направи операцијата. Филипче и ветил дека тој ќе го пријавел во МВР.

- Му реков за докторот погрижете се да не се никој како што се чувствував јас. Знаеш дека нема да ги дадеш тие пари, сепак во јавното здравство не треба да се бараат пари, рече Тања Симеонов, мајката на Анастасија.

Сторијата за девојчето кое од обична скршерница поради лекарска негрижа може да остане без нога, а во државното здравство никој не сакал да ја оперира предизвика бура од реакции во јавноста. Голем број граѓани понудија и парична помош за семејството.