12-годишна девојка три месеци била тепана и психички малтретирана од врсничка, малтретирањето било снимано

25-годишна девојка вчера пријавила во штипската полиција дека во изминатите три месеци, нејзината 12-годишна сестра била физички напаѓана и психички малтретирана од 13-годишна малолетничка и дека тоа било снимано со мобилен телефон.

„На 19.09.2025 во 09:00 часот во СВР Штип С.Д.(25) пријави дека изминатите три месеци во Штип нејзината 12-годишна сестра била физички напаѓана и психички малтретирана од 13-годишна малолетничка, а тоа било снимано со мобилен телефон. Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник“ се наведува во полицискиот билтен. 

По целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.