Македонската јавност се подели околу пресудата за младиот возач Васил Јованов кој смртно ја прегази младата дизајнерка Фросина на прешаки премин на „Партизанска“.
Јованов доби 12 години затвор, а јавноста од вчера реагира за висината на казната. За едни е доволна, за други ниска!
Но, од „морето“ објави на социјалните мрежи една, се чини содржи голема вистина!
- Семејството на Фросе тагува затоа што 12 год. се премалку. Семејството на Васил тагува затоа што 12 год. се премногу. 12 години правда се малку, 12 години казна се многу. На Кулакови Господ сила да им даде, на другиве, се надевам, памет! - гласи фејсбук статусот на една скопјанка.