12 години од смртта на Тоше Проески: Зар некој може да те замени?

Вторник, 6,25 часот, 16 октомври 2007 година. Утро што неповторливо им го измени животот на сите оние што барем еднаш го имаа слушнато гласот на македонскиот славеј, како што го нарекуваа хрватските медиуми. Тоа злокобно утро им го скрши срцето на сите оние што живеат во овој дел од Европа.

Ако треба еден збор за да опишат сите чувства и сета тага, тоа сигурно ќе биде: непребол. И ако треба со неговите стихови да се долови животот на Тоше сигурно би биле: „уморна приказна, скинати страници, тажни и неиспишани...“ или пак „полско цвеќе нека млад ме покрие, душа нек ми љубат облаци кога нејќеш ти... и секако „зар некој може да те замени“...

На денешен ден, пред дванаесет години македонскиот пејач Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка, во Хрватска, на 26-годишна возраст. 

Во чест на Тоше, и оваа година маратонци тргнаа од Нова Градишка и се упатија кон Крушево, неговиот роден град и местото каде почива.

Тоше Проески беше најголемата музичка ѕвезда во Македонија, а талентот и ангажираноста во хуманитарни цели го направија ѕвезда и надвор од границите на нашата држава.

 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on