12 депонии во Бутел ќе бидат средени за една недела, порача новиот градоначалник Костовски

Новиот градоначалник на општина Бутел, Дарко Костовски преку својата официјална fејсбук страница ја информираше јавноста дека од денеска почнуваат со отстранување на депонии во општината Бутел.

-Денеска почнавме со отстранување на депонии во Општина Бутел, лоциравме депонии на дванаесет локации, истите ќе бидат решени за помалку од една недела, порача тој.