12 часовно журкање во Градски парк, забава, музика...Што има денеска во град?

Доколку се уште немате испланирано каде да одите за 1-ви Мај еве неколку предлози каде да го поминете денешниот празник и неработен ден ако сте во Скопје:

[11.00] BBQ Picnic // Јавна Соба

Јавете им се на другарите да ги организирате, а потоа веднаш појдете до најблиската месарница, одберете го најдоброто месо и предајте им го на куварите од Јавна соба, тие ќе го подготват по првомајска рецепта.

Оваа година го славиме денот на трудот, 1 Мај, во урбана природа – тераса во Јавна соба, со добра музика и весело друштво.

Не заборавајте да резервирате маса во Јавна соба!
Јавете ни се на 078 250 554.

[12.00] Трап Пикник за 1-ви Мај // Градски Парк

Спремете се за 12 часовно журкање за 1ви Мај во стариот дел од Градскиот Парк во Скопје! Трап, скара и пиење покрај езерцето во градскиот парк, на првиот Трап Пикник воопшто реализиран, кој се оддржува овој вторник.
Како благодарност за поддршката од сите трап фанови, влезот за најдолгото TRAP DA FUCK UP журкање досега е бесплатен. За вас имаме целодневна програма со артисти, chill area, пијалаци, храна, arcade area и првомајска атмосфера во центарот на Скопје.

На Трап Пикникот настапуваат:
Irie Scratch
Druggy
DJ Fitty Flow
Sexy Marsa x Donplaya x Kico Praskata (dj set)
Inomatik
Cryssis
Bad Propaganda
R.A.D x Dazzly
Ogi x Petr
Gloomié
Neox

Настанот започнува во 12 часот попладне, а се журкаме се до полноќ! Преку ден ве чекаме на зезање во arcade area обезбедена од MY:TIME со Beer Pong, пикадо, шах, табла, мини баскет, фризби и чилање во chill area на лејзи бегс. За скарата ќе биде задолжен food plug-от Street Food Truck, а на менито го имаме и нашиот спешл Purple Wings коктел.

Ве чекаме на трап пикник!

[13.00] Пикник кај Нано со Војо // Нано Бар

Другари, во случај да не сте се одлучиле каде да одите за време на празникот на „Работничката класа“ или уште попознат како 1-ви Мај, со задоволство Ве каниме во нашата првомајална, што би рекол оној мој пријател од минатото, под дебелите сенки во Дебар Маало.

Ние, тука ќе го правиме нашиот пикник оваа година. Ќе слушаме југословенски поп и рок, со потчеток од 13ч па се до 16ч. Ќе разговараме за правата на работниците, ќе се напиеме по некој освежителен пијалок, ќе се сеќаваме на убавите времиња, оние кога протестите беа само одраз на модата, а не болката за подобар живот.
Облечете нешто црвено на вас, било што, во знак на поддршка кон работничката класа.
Ве чекаме на пикник.

[14.00] Првомајски Funky BBQ // Рок Кафана Рустикана 2.0

Првомајска скара и фанк со DJ Mawrteen. 2.0 со редовно работно време за празникот, почнуваме со шизење од 14:00, а крајно време е да направиме отварање на „летна“ сезона со нашите MONIN вински коктели. За инфо и резервации јавете ни се на 075 478 134 

[15.00] Првомајски културни средби // Социјален Центар Дуња

Веднаш пo протестот за Први мај, на 01.05.2018, ќе се оддржи отворен ден во СЦ Дуња. Ќе има штанд со бесплатна храна („Храна да, војна не!“), изложба на плакати од Јана Јакимпвска во соработка со Гласен текстилец, со наслов “Текст, силна, текстилна”, посветена на текстилните работнички и ќе учествуваат следните изведувачи:

Од 15:00 до 15:45 – Кристијан Гиновски
Од 16:00 до 16:45 – Коста Карев
Од 17:00 до 17:45 – КЛАРА
Од 18:00 до 18:30 – Бенд изненадување
Од 18:45 до 19:30 – Swing Walkers
Од 20:00 – DJ Mogli