110 возачи возеле пребрзо за време на празникот

Во текот на вчерашниот ден (24.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 110 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потсетуваат од МВР.