11 малолетници од Скопје кривично ќе одговараат поради напад на малолетник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 11 малолетници од Скопје, од кои 10 на 15-годишна вораст и еден на 16 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Имено, на 15.03.2022 околу 16.30 часот во двор на основно училиште на ул.„Индира Ганди“, пријавените физички нападнале малолетник, соопшти МВР.