11 годишно момче тешко повредено, со мотор се судрило со автобус

Единаесет годишно дете од скопското село Дељардовци било тешко повредено откако возејќи мотоцикл се судрил со автобус, вчера во близина од Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 15.30 часот, во селото Дељадровце. Детето управувало мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки се судрил во автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки кој возел на линија број 66, што го управувал М.Б. (48) од селото Дељадровци.

Од ударот детето се здобило со тешки повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.