
Од СВР Тетово информираа дека 11-годишно момче било нападнато и каснато од куче во тетовското село Сараќино.
Како што информираат од полицијата, ноќеска во 00:20 часот во Полициското одделение Групчин, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер, околу 22:30 часот, нејзиниот 11-годишен син, додека се шетал низ селото, пред куќата на С.Ј. бил нападнат и каснат во пределот на десната потколеница од куче кое не било врзано и соодветно обезбедено.
Од СВР Тетово соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.