
11-годишна малолетничка е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако вдишала чад при пожар во стан на улицата „Воденска“.
- На 29.09.2026 во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза Скопје за укажување на лекарска помош, информираа од МВР во дневниот билтен.