#10YearChallenge населба Аеродром

Ако ги следите социјалните мрежи, тогаш сигурно сте забележале дека деновиве речиси нема профил што не го прифатил предизвикот #10YearChallenge.

За да бидете дел од овој предизвик треба да објавите фотографија од себе си од пред 10 години и од сега со кои ќе докажете дека просто не стареете и дека времето не ви може ништо.

Дел од луѓето покрај своите лични фотографии, овој предизвик го искористија да покажат како некои места, градови се менуваат.

Токму оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи од населба Аеродром ни покажува какво било Скопје, поточно Аеродром позади Тобако во 2009 година и како изгледа денес.