104 новозаразени од ковид за една недела, починаа 3 лица

Од Институтот за јавно здравје инфомрираат дека минатата недела тестирани се вкупно 2.659 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 15,1% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 104 нови позитивни случаи од 19 градови во државата, за 20,6% помалку во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 1,5% до 5,4%, просечно 3,4%.

Во текот на последната недела (23-29.01.2023), пријавени се 3 починати лица од Скопје, Ресен и Куманово (58-89 г.) со коморбидитети и починати во болнички услови.