103 годишен лекар ја откри тајната за долг и здрав живот

Најстариот јапонски доктор  Шигеаки Хинохара верува дека неговите правила за начинот на живот се причината за неговата долговечност.

Тој изгледа многу помлад од своите 103 години, а тежината од 60 килограми не ја променил 30 години. Според докторот, клучот до поздрав живот е пред се храната.

Ова се неговите принципи:

Храната е најважна

Докторот за појадок секогаш пие овошен сок со една лажица маслиново мало или чаша млеко со леќа во прав и една банана. Маслиновото масло е добро за артериите и кожата.

За ручек јади малку млеко со 2-3 бисквити или ништо, ако е зафатен. За вечера јаде овошје, малку риба со ориз и два пати неделно 90 грама мрсно месо.

Енергијата

Јапонскиот доктор тврди дека енергијата кај човекот доаѓа кога се чувствувате добро а не кога јадете или спиете многу. Тој тоа го поврзува со малите деца кои кога се возбудени сосема забораваат на сонот и храната. Хинохара смета дека ако и возрасните се посветени на она што го работат и ги прави среќни нема да им се потребни строги правила за вечера и часови за спиење.

Имајте брз живот и гледајте напред

Докторот смета дека брзиот живот со многу обврски ве држи активни во живот. Тој вели дека не треба да се пензионирате рано, во никој случај пред пред 65 годишна возраст.

air max 90 essential sale