101 Благодарам - Кампања по повод 16 февруари, Меѓународниот ден на антропологијата

Оваа година, со одбележување на Меѓународниот ден на антропологијата, Институтот за антропологија има за цел да нè поттикне да им се заблагодариме на луѓето околу нас. 

На кого сè би требало да кажеме благодарам за утринската шолја кафе, телефонот на којшто го читаме овој текст, патиките што ги носиме?

Колку луѓе се вклучени во синџирот на производство, достава, трговија и сите други фази кои прават еден предмет да стигне до нас? На пример, кој е патот на едно чоколадо од садењето на дрвјата какао до полиците на маалскиот гранап?

Од Институтот за антропологија истакнуваат дека  идејата за оваа кампања доаѓа од книгата "Thanks a Thousand: A Gratitude Journey" (Кажи им фала на илјада луѓе: патешествие на благодарност) на А. Џ. Џејкобс во која тој зборува за потфатот на авторот да им се заблагодари на сите кои имале макар и најмала врска со неговото утринско кафе. 

Почнал со дечкото што му го послужил, па со девојката на шанк што му го направила, па дизајнерот на логото, па возачот на камионот кој ги возел зрната кафе...Отишол дури и во Јужна Америка да им се заблагодари на одгледувачите! На крај излегло дека за едно единствено кафе требало да им каже „фала“ на над илјада луѓе.

Истражете и постирајте со хаштази #101благодарам #АnthroDay.

Забелешка: Нема да бидат земени предвид постови кои содржат реклами на конкретни компании или брендови.