1.009 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1009 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 140 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 124 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 96 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 33, Кавадарци 61, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1735 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.