
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски синоќа сподели дека Скопје Опен Рамус 2026 Г1 е спремен за старт и дека денеска почнува, како што вели, најголемиот спортски настан во Македонија.
„1000 спортисти од 41 држава од целиот свет ќе се борат за олимписки бодови кои носат норма за ЛОИ, утре и задутре центарот на светското олимписко таеквондо е во Македонија. Скопје Опен прераснува во еден од најсилните спортски настани во светот кога е во прашање олимписко таеквондо“, вели Костовски во синоќешната објава на Фејсбук.
Тој воедно упати благодарност до Владата и Град Скопје за подршката.
Свеченото отварање на овој голем настан ќе се одржи денеска во 12 часот во арената „Борис Трајковски”.