Сообраќајната статистика на РСБСП покажува дека во првите девет месеци од 2018 година, 100 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во споредба со минатата година, оваа бројка е намалена за 10%. За оваа бројка денес информираше РСБСП најавувајќи ја новата кампања која го носи насловот „Без изговори“.

Најчести изговори, односно причини за сообраќајни незгоди се: возење со брзина поголема од дозволената, возење под дејство на алкохол, употреба на мобилни телефони и уште многу други, потенцираат од РСБСП.

„Кампањата „Без изговори“ има јасна цел: да ја подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди, да ги едуцира учесниците во сообраќајот за важноста и потребата од целосно, максимално и безусловно одговорно учество во сообраќајот и да ја подигне свеста за дисциплинирано почитување на правилата и прописите што важат во сообраќајот“, велат од РСБСП.