10 знаци дека си имате работа со вистинска дама

Жените и девојките различно гледаат на светот, но ако сте сериозен маж кој сака семејство и кариера, тогаш е подобро да обрнете внимание на тоа со каква жена сакате да бидете. Ние ви претставуваме 10 знаци кои ќе ви покажат дека сте во врска со вистинска жена.

1 . Вистинските дами изгледаат секси без оглед на тоа што носат

Девојките имаат една лоша карактеристика, а тоа е дека облекуваат облека која открива, затоа што мислат дека така ќе биде попривлечно. Од друга страна, жените немаат проблем да облечат нешто подолго, а притоа да изгледаат сексипилно и привлечно.

2. Вистинските дами комуницираат

Вистинските дами сакаат да зборуваат и да комуницираат. Ако нешто не им се допаѓа, тие ќе разговараат со својот партнер и така ќе го решат проблемот. Девојките очекуваат дека машките сами ќе претпостават што не е во ред, па поради тоа и премолчуваат повеќе работи.

3. Вистинските дами се финансиски независни

Кога сте во врска со сериозна жена, очекувајте личност којашто знае да се грижи за себе и која може да ги плаќа своите сметки. Девојките обично мислат дека мажите треба да ги плати мажот.

4. Вистинските дами знаат да се контролираат кога е во прашање алкохолот

Вистинската жена е жената којашто знае кога да престане да пие. Незрелите девојки тука имаат голем проблем, затоа што обично ги преминуваат своите граници, па се срамат самите себе, а и тие со коишто се.

5. Не се опседнати со Фејсбук

Девојките едвај чекаат да го проверат својот Фејсбук профил, додека пак дамите понекогаш забораваат и дека го имаат.

6. Вистинските дами сакаат да читаат

Вистинските дами сакаат да се образуваат и да читаат, додека пак девојчињатаа сакаат да гледаат неквалитетни телевизиски програми.

7. Вистинските дами секогаш имаат интересни теми за разговор

Со сериозните жени секогаш можете да си направите убав муабет, додека со девојчињата секогаш слушате за најновите оговарања.

8. Вистинските дами јадат што сакаат, девојките сакаат салати

Иако и тие се грижат за себеси, тие не се толку оптоварени со диети и салати како младите девојки. Тие сакаат да јадат и уживаат во храната, но со мерка.

9. Вистинските дами обидуваат да ги прошират своите хоризонти

Вистинските дами се трудат да внесатт новини во своите животи и секогаш трагаат по нешто поинакво, додека пак девојките се држат за она на коешто навикнале.

10. Вистинските дами се независни

Вистинските дами се независни и не им треба никој во животот. За разлика од нив, девојките секогаш бараат некој кој ќе ги штити и чува.

cheap nike free run 5.0