10 животни лекции кои децата треба да ги научат до својот 10. роденден

Родителството често знае да биде комплицирано бидејќи е исполнето со предизвици. Сепак, секој родител го сака најдоброто за своето дете.

Сакаме своите деца да ги научиме да разликуваат добро од лошо, да се чуваат од зло, да се вклопат во друштвото и да ги почитуваат правилата. 

Сепак, тоа не е многу едноставно бидејќи постојат милион ситуации во кои треба ваквите лекции да бидат применети пред децата да ги научат и прифатат како нешто што е дел од секојдневието.

Ова се 10 лекции кои децата треба да ги научат пред својот 10ти роденден.

Да се биде добар е најголемо достигнување

Добивањето добри оценки е многу важно, но она што навистина значи во животот е како постапуваме кон другите луѓе. Важно е да сме добри и љубезни.

Родителите имаат љубов за сите свои деца

Без оглед на тоа дали имаат едно, две или три деца, родителите не треба да остават децата да мислат дека не се сакани. Детето кое расте во атмосфера каде знае дека е прифатено и сакано подеднакво како и своите браќа  и сестри, лесно развива емпатија за своите врсници.

Твоето тело е преубаво

Не дозволувајте децата да мислат дека не се убави или сакани само ако имаат маани или повеќе килограми. Кога вие ќе покажете дека ги сакате такви какви што се, тие лесно ќе изградат самодоверба за тоа што го имаат.

Добро да се грижи за своето тело

Тоа треба да се храни здраво, да ги мие забите пред и после спиење, да има здрави навики и да разбере зошто се тие важни.

Пријателите се важни

Иако секогаш треба да знае дека може да се потпре на своите родители, детето треба да знае дека пријателите се многу важни во животот. Тоа треба да научи да ги сака и почитува, но и како да склопува нови пријателства.

Сите ние сме различни, но посебни

Сите ние сме различни личности, но секој од нас носи посебна вредност во светот во кој припаѓа. Тоа не мора да се труди по секоја цена да биде како другите. Треба да се сака онакво какво што е, со својот талент и желби.

Важно е да се дели со другите

Научете го детето да споделува со другите. Да биде добар пример за другите деца и да ги сака и почитува.

Училиштето е втор дом

Објаснете му на своето дете дека училиштето е втор дом, а наставничките се второто семејство. Децата минуваат голем дел од своето време на училиште и тоа за нив треба да е простор каде се чувствуваат заштитено и сакано.

Тоа секогаш е сакано

Дури и кога некогаш го праќате во соба поради некаква грешка или кога ќе добие лоша оценка во училиште, покажете му дека никогаш не престанувате да го сакате.

Важно е да ги почитува своите родители

Ако ве почитува вам како свои родители, лесно ќе научи да ги почитува и своите врсници, но и наставнички и други личности кои ги среќава во животот.