10 закони на малите деца

Прв закон

Не можеш толку пати да повториш зошто не може, колку што јас можам да изговорам „морам мамо“ или „сакам мамо“.

Втор закон

Моето облекување повеќе не е твоја работа и никогаш повторно нема да биде.

Трет закон

И кога ќе мислиш дека повеќе немаш нерви, јас ќе го најдам тој еден кој го имаш, ќе ти го искорнам, а потоа ќе дојдам до тебе и ќе ти кажам: „Љубави“.

Четврт закон

Немој да очекуваш дека ќе седам во тишина додека ти зборуваш со некого, затоа што она што јас имам да го кажам е најважно.

Петти закон

Толку пати ќе го повторам зборот „не“ и сите други негации, што ќе мислиш дека се зафркавам, а можеби и навистина се зафркавам.

Шести закон

Кога ќе сакаш да ме носиш во раце – тогаш ќе сакам да одам, а кога твојот грб ужасно ќе те боли, е тогаш нема шанси да одам – земи ме во раце!

Седми закон

Сѐ на овој свет е мое. И туѓите играчки се мои и твоите работи се мои и сѐ е мое и тука нема расправии.

Осми закон

Ако го понесеш велосипедот, нема да го возам. Ама ако го оставиш дома, тоа ќе биде единственото нешто што го сакам.

Деветти закон

Нејзината топка е убава и ја сакам таа топка иако мојата топка е иста. Ова е применливо на сите предмети.

Десетти закон

Не можеш да одиш во веце ако не дојдам и јас со тебе.