10 угостителски објекти казнети поради бучава

Поради поплаките на жителитена Општина Центар во врска со преголемата бучава која ја создаваат угостителските објекти, градоначалникот на оваа скопска општина испрати инеспкција за да се утврди основот поради кој граѓаните се жалат. Па така, како и секоја година во летниот период кога се продолжува работнотно време на угостителските објекти и функционираат нивните летни тераса, забележано е прекршување на дозволениот интензитет на гласност на музиката.

Досега, поради прегласна музика казнети се: „Интермецо“, „Чао“, „Децата од нашата улица“, „Џус Бар“, „Ван Гог“, „Кубански ресторан“ и таверната „Александар“. Казната за овој вид прекршок изнесува 650 евра во денарска противвредност. Ова е збир на сумата која треба да ја плати правнот лице и одговорниот во моментот на утврдување на прекршокот.

Според правилникот, дозволената бучава во период од 19 до 23 часот е до 55 децибели, додека, по 23 часот, па се до 7 часот наутро, истата не смее да надминува 45 децибели.