10 совети за самата себе

Како и сите луѓе, така и јас понекогаш знам да застранам од патот кој сум го зацртала сама за себе. И да, сите луѓе околу мене ми даваат совети, па решив да си направам листа со совети за самата себе, листа која ќе ја закачам за фрижидерот во кујна и во која ќе гледам секој ден, особено на деновите кога ништо не ми оди од рака. А можеби и вам ќе ви послужи, којзнае...

Ова се моите 10 совети за самата себе:

Биди љубезна. Ама не претерано.

Ако си била повредена, си била повредена. Точка на приказната. Никој друг не смее дa ти кажува дека болката ти е невалидна.

Критикувај. Но, истовремено научи да прифаќаш критика.

Луѓето ќе ти велат дека си „Луда“, „Чудна“, „Ненормална“, само затоа што си го тераш сопствениот филм. Сфати го тоа како комплимент.

Луѓето секогаш ќе се ставаат самите себе на прво место. И ти тоа треба да го направиш. Стави се себеси на прво место.

Ако сакаш да ја купиш книгата, купи ја. Па што ако имаш уште 30 непрочитани книги? Израдувај си ја душата!

Пишувај. Цртај. Пеј. Танцувај. Глуми. Плачи. Викај. Прави што сакаш. Сѐ додека не повредуваш никого, никој нема право да ти кажува што треба, а што не треба да правиш.

Светов е полн со лицемери. Дури и ти понекогаш може да влезеш во таа категорија.

Што и да правиш, не си ги убивај соништата. Соништата се единствените автопати со бескраен хоризонт кој во себе го чува невозможното.

Смеј се. Продолжи да се смееш. Смеењето е најдобрата облека.