10 совети кои треба да си ги дадете себеси...

Генерално сите сме добри во тоа да даваме совети на другите, но ретко самите слушаме совети. А никој не може да ни даде подобар совет од самите ние, бидејќи ние најдобро се познаваме себеси. Затоа овие совети треба да си ги дадете себеси и навистина да ги применуваме!

1. Ако знаеш дека некој не е во право, не го подигнувај тонот на гласот: Помогни им да те разберат и подобри го твојот аргумент.

2. Работи го она што го сакаш. Ако не си ја сакаш работата, се надевам дека ќе имаш храброст да го промениш тоа. Никогаш не е толку доцна да бидеш оној кој сакаш да бидеш.

3. Држи се до она во коешто веруваш и до твоите вредности и не дозволувај работите да ти се заглавуваат во мислите.

4. Дозволи си да се заљубуваш во луѓе. Заедно со сите искрени моменти, лоши периоди и сите соништа.

5. Но, не дозволувај другите луѓе да те туркаат во врска. Врските нема секогаш да те направат среќен/среќна, тие се магични и прекрасни, но магично е и прекрасно и кога поминуваш време со друштвото или кога читаш книга.

6. Сосема океј е да се чувствуваш изгубено. Животот е тежок и тоа сите го знаеме. Дозволи си себеси да се изгубиш во книги, музика, уметност, во малите работи во животот.

7. Создади си безбедно место каде ќе одиш кога ќе се чувствуваш осамено. На сите ние потребно такво место.

8. Не се нервирај за мали работи, на крајот на краиштата, тие се токму тоа – мали и незначајни.

9. Не го барај совршеното тело, туку научи да се сакаш себеси. Секое тело е различно и сите сме посебни на свој начин.

10. Најди некој со кого ќе можеш да ги делиш твоите соништа и надежи, а не некој поради кој ќе се откажеш од нив.