10 работи за кои ќе се каете по 10 години!

Нема ништо полошо од каењето, од грижата на совеста, од пропуштените прилики и работите кои сме ги направиле и кои не можеме да ги поправиме. Каењето е залудно, колку и да се каеме, времето си поминува и од премногуте каења можеме само да останеме заглавени во минатото прашувајќи се што сме можеле или што не сме можеле да направиме.

Затоа, навреме отворајте ги очите и внимавајте на овие работи за да не се каете по 10 години.

За што ќе се каете по 10 години ако не бидете внимателни?

Ставање маски за да ги импресионирате другите

Во трката да ги импресионирате луѓето кои не ви се ни блиски, многу е лесно да се изгубите себеси. Посебно ако ставате маска која мислите дека е најприкладна за импресионирање. Запомнете, оние коишто ве сакаат, ве сакаат без маска, ранливи и онакви какви што сте. Оние кои нема да ве сакаат, нема да ве сакаат и со најзлатните, најубавите и најсовршените маски.

Да му дозволите на некој друг да ги создава вашите соништа

Најголемиот предизвик во животот е да откриеме кои сме ние навистина, а вториот најголем предизвик е да бидеме среќни со тоа што ќе го најдемме. Голем дел од ова е и вашата одлука да останете верни на сопствените цели и соништа. Дали има луѓе кои не се согласуваат со вас? Одлично. Тоа значи дека стоите на цврсто тло и одите по сопствениот пат. Понекогаш ќе правите работи кои нема да бидат прифатени од луѓето, но кога ќе се фатите себеси како не го забележувате времето како лето, тогаш ќе знаете дека ја правите вистинската работа.

Опкружување со негативни луѓе

Никогаш не дозволувајте да ве трујат другите со својата негативност и црн поглед на светот. Не им дозволувајте да ве допрат. Кога ќе сфатите дека опкружувањето со негативни луѓе е избор, а не обврска, ќе се ослободите себеси и ќе почувствувате сочувство наместо бес, дарежливост напспроти алчност и трпение наместо нервоза.

Претерана себичност

Секако дека е важно да се грижите за себе и вашите соништа и желби, но тоа не значи дека треба безмилосно да ги повредувате луѓето заради сопствени каприци. Понекогаш е многу поважно да се биде среќен, отколку да се биде во право. Внимавајте како се однесувате со луѓето кои ве сакаат.

Избегнување на промени

Со тек на време мора да научите дека морате да го пуштите минатото да седи таму каде што е и едноставно да дозволите вашиот живот да се промени. Со излегувањето од комфорната зона ќе станете посреќна личноста и воедно промените ќе направат да се развиете во зрела и мудра личност.

Откажување кога работите стануваат комплицирани

Доколку добро го наштимате  вашиот ум, тогаш неуспесите ќе ги гледате како лекции и поуки, наместо како крај на светот. Оние кои продолжуваат да одат чекор по чекор победуваат на крај. Победата е процес кој се случува постепено, со мали чекори, одлуки и постапки кои постепено се надоградуваат една вз друга и на крај водат до тој сладок момент на триумф.

Обидите да држите се под контрола

Иако е убаво да имате план и чекори кои сакате да ги преземете, некогаш треба да се опуштите и да дозволите животот да ви се случи без претерана грижа и без да се обидувате да го контролирате секој момент. Опуштете се, наместо да се држите цврсто за животот. Дишете длабоко. Не морате да знаете точно во кој правец се движите за да завршите на некое прекрасно место. Се во животот се движи во совршен ред, без разлика дали го разбирате тоа или не. Понекогаш само треба време за да се поврзат сите точки.

Задоволување со помалку

Бидете доволно силни за да пуштите некои работи и некои луѓе да си одат од вашиот живот и доволно мудри за да го чекате тоа што го заслужувате. Понекогаш треба да го допрете дното за да можете да стоите повисоко од кога и да било. Понекогаш очите треба да ви бидат измиени со солзи за почисто да ги видите можностите кои ви се нудат. Не се задоволувајте со помалку.

Постојано чекајќи го утрешниот ден

Проблемот е што луѓето секогаш мислат дека имаат повеќе време отколку што навистина имаат. Но, еден ден ќе се разбудите и повеќе нема да имате време да работите за нештата коишто отсекогаш сте сакале да ги направите. И во тој момент или ќе бидете личност која ги исполнила сите цели кои ги зацртала за себе или ќе имате листа со оправдувања зошто не сте ги исполниле.

Мрзеливоста

Мора да запаметите дека светот не ви должи ништо. Затоа престанете да сонувате и започнете да правите работи. Преземете одговорност за вашиот живот и преземете го кормилото на вашиот живот. Вие сте важна личност. Не чекајте да дојде некој нареден ден. Тој нареден ден нека биде сега!