10 работи кои ќе ги разберат само гордите жени Водолии!

Жените Водолии во очите на многу луѓе се вистински кралици, затоа што не се воздржуваат од никого, живеат свој живот и уживаат во него. Затоа денес ви откриваме 10 факти кои ќе ги разберат само гордите жени Водолии или пак оние кои ја имаат таа (не)среќа да бидат во нивна близина.

1. Вие сте збунети и неодлучни скоро во секој момент и токму тоа е главната причина зошто мразите шопинг, а поради тоа вашиот сакан ве обожава.

2. Вие сте многу сигурни во себе и не се оптоварувате со сопствениот изглед. Не сте нашминкани? Па што, не е крај на светот!

3. Вашите најдобри другари се момчиња и тоа не може никој да го смени, па затоа не е чудно што нивните жени (или девојки) не ве сакаат.

4. Понекогаш сте многу ладни и дистанцирани во емотивните односи и тешко се заљубувате. Од друга страна пак, за вашите момчиња тоа претставува најмал проблем.

5. Вие сте самосвесни и држите до себе, па најмногу може да ве изнервираат луѓето кои ќе ја изневерат вашата доверба. Потоа, тие може и да плачат пред вас, а вам воопшто око да не ви трепне поради тоа.

6. Многумина ве сметаат за личност која мисли само на себе, но вие не сте виновни што сакате да зборувате исклучиво за себе.

7. Единственото нешто за кое не сте способни во животот е да глумите нешто што не сте.

8. Вие едноставно не верувате во поимите „простување“ и „заборавање“, па најверојатно тоа е главната причината што имате малку, но одбран број пријатели.

9. Што ве прави поразлични од другите? Тоа што сте спремни да флертувате со момчето уште пред тој да сфати дека му се допаѓате.

10. Слобода е вашето второ име. Никој, ама баш никој не може да влијае на вас кога е таа во прашање, бидејќи во спротивно може да се збогува со каков било контакт со вас.