10 работи кои би требало да престанете да ги очекувате од другите луѓе

Кога имаме преголеми и неразумни очекувања од другите или кога постојано го анализираме однесувањето на луѓето околу себе, сами себе си правиме штета. Сакате ли вашиот однос и комуникацијата со луѓето оклу вас да бидат посреќни и поуспешни, престанете од нив да ги очекувате следниве 10 работи.

.... секогаш да постапуваат онака како што вие сметате дека е исправно

Моралот и етиката на секој човек се темелат на многу фактори, како воспитувањето, културата, духовните уверувања и слично. На пример, вие никогаш не пцуете, но вашата пријателка неретко знае да опцуе. Значи ли тоа дека таа не постапува исправно?

Според нечии убедувања, не постапува исправно, но да очекувате и другите секогаш да постапуваат онака како што вие сметате дека е исправно само ќе ви предизвика фрустрации. Подобро фокусирајте се на тоа да се придржувате кон сопствените морални вредности и пуштете ги другите да живеат како сакаат, сѐ додека при тоа не си нанесувате штета себе или на другите луѓе. 

... да бидете совршени

Гледате ли на несовршенството како на совршенство, тогаш никогаш нема да бидете разочарани. Меѓутоа, многу луѓе се нетолерантни на туѓите грешки и поради тоа се чувствуваат изневерено. Докажано е дека перфекционистите, кои патат од опсесивно-компулсивно однесување, често патат од депресија и хронични болести бидејќи се константно оптеретени сѐ да имаат под контрола и сѐ да биде совршено.  

Затоа, допуштете им на другите да грешат, учете од нив и размислете за тоа каков би бил светот кога никој не би грешел. Така би биле свет полн со ладни, бесчувствителни роботи, а веруваме дека никој не сака да види таква реалност.

... да се сложат со секој ваш збор

Светот би бил досадно место кога сите секогаш би се сложувале. Нашите единствени перспективи и верувања и овозможуваат на нашата планета постојано да се развива и да се создаваат подобри решенија за проблемите.

Размислете за тоа што би се случило кога сите би се сложиле околу тоас и понатаму да се користат фосилни горива во автомобилите, куќите, скоро во секој сегмент од нашиот живот... кога никој не би имал поинаква визија, не би имале соларни системи и електрични автомобили.

... да ги читаат вашите мисли

Некои луѓе имаат доста развиена интуиција, но некои не можат толку добро да ги читаат туѓите лица и чувства. Вие можеби можете да ги разберете другите без тие нешто да кажат, но тоа не значи дека сите имаат такви способности. Затоа, јасно изразете се за другите да не мора да ги погаќаат вашите мисли. Искрена, отворена комуникација е темел за силна љубовна врска.

... да ве креваат секој пат кога ќе паднете

Можеби и тие се борат со нешто и не можат истовремено да се носат со вашите и со сопствените проблеми, па обидете се да го разберете и нивното гледиште. Сакаат да ви помогнат, но во моментот тоа не можат да го направат. Тоа не значи дека не им е важно, туку дека некогаш мора да го разбудите борецот во себе и сами да ја водите сопствената битка.

... секогаш да ве разберат

Не може секој да го разбере вашиот животен пат. И тоа е во ред. Не е работа на другите да му дадат смисла на вашиот живот - на вас е. Сѐ додека вие го разбирате вашиот животен пат, нема да имате потреба да добивате потврда од другите дека тоа е во ред.   

... да се однесуваат со вас онака како што вие се однесувате со нив

Гледајте на нивното однесување со емпатија и нема да се чувствувате токлу повредени ако луѓето кон кои сте добри не се однесуваат еднакво добро кон вас.

... да бидете иста личност каква што сте биле пред неколку години

Согласно со околностите и со нивните искуства, луѓето со време се менуваат. Секој ден луѓето водат тешки битки кои всушност никој не ги разбира освен нив, па имајте го тоа на ум кога ќе паднете во искушение да осудувате некој. Сакајте ги сите без разлика на тоа кои станале, а не само ако нивното однесување одговара на вашите стандарди и идеали.

... секогаш да имате се подредено во животот

Секој во животот се соочува со проблеми, а понекогаш ни треба повеќе време да ги решиме. Затоа, имајте емпатија кон другите и ќе разберете дека секој се труди најмногу што може. Фокусирајте се на тоа да придонесете за подобар свет и за сопствените врски со другите луѓе и не се обидувајте да ги контролирате и проценувате животите на другите луѓе.

... да ви даде вас љубов ако не си дадете љубов на самите себе

Секоја врска што ја имате со некого во животот започнува и завршува со вас и затоа прво мора да се сакате себе ако сакате другите да ве сакаат. Барањето од другите да ве затрупуваат со љубов која сами себе не си ја давате, само ќе резултира со исфорсирана несериозна врска. Од друга страна, кога се сакате сами себе, на вашиот живот нема да му недостига прекрасна, успешна врска.