10 причини поради кои треба да се заљубите во девојка со широко срце!

Лесно е да ја забележите преубавата девојка со презгодно тело. Но, не можете толку лесно да ѕирнете во нејзиното срце. Девојката со широко срце е вистинска реткост, но ако ја најдете не треба да ја пуштите да си оди. Ако ви требаат причини за тоа, можете да ги прочитате во продолжение...

1. Насмевка за насмевка

Не е потребно многу за да ја направите среќна – таа е среќна и кога ги гледа другите насмеани. Вашата насмевка е најдобриот подарок кој можете да и го подарите.

2. Таа е внимателна

Таа секогаш ги памети ситните детали. Таа го памети секој изговорен збор којшто сте и го упатиле. Кога ќе ве праша како ви поминал денот, прашува затоа што навистина сака да знае, а не затоа што мора.

Таа ќе ве изненади со вашето омилено колаче или ѓеврече со сланина од вашата омилена пекара, само затоа што сака да го направи тоа за вас.

3. Таа ги цени сите мали работи кои ги правите за неа

Без оглед на тоа дали ќе и кажете: „Имај убав ден“ или ќе и ја пратите омилената песна бидејќи знаете дека е нерасположена, таа ќе ви биде благодарна бидејќи сте се сетиле да го направите тоа.

4. Со неа се е едноставно

Секој сака да излезе на обичен, фин и романтичен состанок. Но, девојката со широко срце нема проблем и да остане дома со вас додека гледате филм или играте бриџ. Тоа што и покажувате љубов и поминувате време со неа е и повеќе од доволно за неа.

5. За неа цената на подарокот не значи апсолутно ништо

Некои од најубавите подароци воопшто немаат цена и не се купуваат. Излет во парк, ноќ под ѕвездите, заедничко качување на планина.... За неа важна е мислата и трудот што сте ги вложиле за да измамите насмевка од неа, а не марката или цената. Кому требаат дијаманти, кога вие сте веќе нејзиниот најдобар пријател.

6. Нејзиното присуство е и повеќе од забележително

Кога ќе влезе во просторија, таа не се обидува да биде центар на внимание, но сите останати природно ја забележуваат поради тоа што таа има шарм и енергија кои не можат да бидат игнорирани. Таа е секогаш тука за да им помага на другите и човекот на кој сите му се обраќаат за совет. Луѓето постојано ќе ви кажуваат дека сте среќлија.

7. Таа го сака вашето семејство исто како да е нејзино

Таа прва ќе даде комплимент на вашата сестра, ќе му помогне на вашиот брат за домашната или ќе им се јави на вашите родители за да ги повика на ручек, дури и ако е преуморна. Знае колку го сакате вашето семејство, па таа ќе ги засака со целото свое срце.

8. Се грижи за вас кога сте болни

Кога ќе се разболите, постојано ве чува, дури може да се каже и дека ве разгалува. Ви го купува омиленото јадење, се грижи да ги испиете сите лекови и витамини, ви прави чаеви и супи и го поднесува вашето кенкање без ниту еден збор.

9. Таа има многу да даде

Длабочините на нејзиното срце немаат крај. Таа го памети моментот кога прв пат сте ги изговориле оние две зборчиња и како целото нејзиното треперело кога ги слушнала. Таа го памети првиот пат кога сте и рекле дека е убава и сјајот во вашите очи кога сте го кажале тоа. Таа сигурно ќе биде прекрасна мајка и ќе ги воспитува вашите деца во духот на истите вредности кои таа ги поседува.

10. Таа истовремено е ваша девојка и ваша најдобра пријателка

Со неа нема потреба да глумите колку сте силен. Ако сакате да ги срушите вашите ѕидови, да плачете и да се ослободите од стресот, таа ќе биде покрај вас. Таа исто така сфаќа дека ви е потребно време за себе и ќе биде првата што ќе ви каже да излезете со вашите другари и да се опуштите.