10 правила за воспитување деца на писателката Сузан Зонтаг

Сузан Зонтаг (1933-2004) беше една од највлијателните американски општествено и политички ангажирана интелектуалка. Во записите на својот дневник ги оставила своите десет правила за воспитување на детето.

Својот син Дејвид, кој подоцна и самиот станал писател, Сузан Зонтаг го родила на свои седумнаесет години. По нејзината смрт, Дејвид ги објавил нејзините записи од дневникот во рана фаза (1947-1964). Во него меѓу другото се нашле и нејзините десет правила (датираат од 1959 година) за воспитување деца кои се безвременски: 

1.    Треба да бидам доследна.
2.    Не треба да зборувам на другите за него (на пример анегдоти) во негово присуство (да не стане премногу самосвесен).
3.    Не го фалам за нешто што не секогаш би го прифатила за добро.
4.    Не треба строго да го прекорувам за нешто што му било дозволено да го направи.
5.    Дневна рутина: јадење, домашна, капење, миење заби, приказна за добра ноќ, спиење.
6.    Нема да дозволам да ме манипулира кога сум со други луѓе.
7.    Секогаш добро зборувај за неговиот татко (без гримаси, издишки, губење на трпение).
8.    Не ги обесхрабрувај детинестите фантазии.
9.    Треба да биде свесен дека постои свет на возрасни кој него не треба да го интересира.
10.    Не треба да претпоставувам дека она што јас не го сакам (капење, миење коса), тој исто така нема да го сака.