10 правила на живеење според Далај Лама

Далај Лама е моќниот спиритуален лидер на кого многумина му завидуваат поради неговиот поглед кон светот, смиреност и едноставност.

Ова се 10 од неговите правила на живеење, кои можеме да ги спроведеме во нашето секојдневие.

Имајте предвид дека големата  љубов и големите достигнувања бараат големи ризици.

Кога губете, не губете ја лекцијата од тоа што се случило.

Запаметете дека недобивањето на тоа што го сакате, понекогаш е голем подарок од универзумот.

Не дозволувајте мал конфликт да влијае на едно големо пријателство.

Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, преземете чекори за да ја корегирате.

Отворете ги прегратките кон промените, но не заборавајте на своите вредности.

Запаметете дека понекогаш молчењето е најдобриот одговор.

Хармонијата на домот е најдобра основа на нашето живеење.

Минувајте одреден дел од денот сами.

Еднаш годишно, одете некаде кадешто не сте биле претходно.