Без оглед на тоа колку била добра забавата, направи сѐ за да се разбудиш во твојата соба.
Помеѓу парче торта и кекс, секогаш избери – чаша вода.
Ако е полноќ, а ти мораш да ја измиеш косата, да ги депилираш нозете и слично, ти секогаш избери го сонот. Можеш да облечеш фармерки, да ја фатиш косата во пунџа, но ништо нема да ти го замаскира уморното лице и лошото расположение. Секогаш избери го сонот.
Патувај! Искористи ја секоја можност за тоа.
Пред да почнеш да ја проценуваш ситуацијата, секогаш запрашувај се: „Дали е ова моја работа?“ Потоа затвори ја устата и продолжи понатаму.
Трошењето време и чувства на неадекватен човек има смисла само ако ти си доктор, а тој пациент кој те плаќа за сеанси.
Помеѓу бурна, луда и страствена врска и можност за добра заработка, секогаш направи избор во корист на второто.
Во конфликтот не се раѓа вистината, туку мигрената. Ако во вистинското време изговорите: „Да, како ќе кажеш“, вие ќе ги сочувате и нервите и парите.
Неколку денови во самотија се поделотворни отколку скапи направи.
Ниту еден маж не вреди да патиш по него во неудобни чевли.