10 намирници кои ќе ви помогнат визуелно да го намалите стомакот

Не е лесно да ја контролирате желбата за залчиња погрешна храна кога се обидувате да ја одржите тежината под контрола. Но, сите врсти храна не се лоши за вашата линија. Избегнувајте ги вообичаените замки и спречете ја надуеноста.

Бадемите се богати со витамин Е кој е одличен за младешкиот изглед на кожата, а изобилуваат со протеини и омега 3 масни киселини. Избегнувајте индустриски печени (солени) бадеми бидејќи солта предизвикува надуеност и ограничете го внесот на максимум 20 парчиња.

Еден филџан чај од нане, ѓумбир или камилица е одличен „растерувач“ на гасовите кои се собираат во телото и стомакот визуелно станува поголем.

Благото овошје како јаболко и грозје ја поттикнува надуеноста на телото, па затоа е подобро да го замените со јагоди, малини и грејпфрут. Ова овошје содржи вредни хранливи состојки и антиоксиданси кои го бранат телото од разни болести, а содржат и многу вода.

Аспарагусот има пробиотски ефект кој ја поттикнува работата на дигестивниот систем и ги чисти цревата. Во стотина грама аспарагус се наоѓаат дури 35 калории, па во овој специјалитет можете да уживате без да се воздржувате.

Едно канче немасен грчки јогурт со малку бобичасто овошје е одлична комбинација за меѓуоброк, но и одличен извор на пробиотик кој го чува здравјето на дигестивниот систем.

Гладот „залажувајте“ го со страк целер кој сте го намачкале со намаз од хумус. Богатството од прехрамбени влакна ја зголемува ситоста и ја поттикнува работата на дигестивниот систем.

Диетални протеини како бело пилешко месо, мисиркино или риба, припремени на скара со малку масло се одлични придвижувачи на метаболизмот. Тие му помагаат на телото поефикасно да ги согори калориите.

Папајата содржи ензим за дигестија кој го забрзува движењето на храната низ организмот. Ограничете го внесот на ова егзотично овошје на 200 грама по оброк.

Кога сте гладни посегнете по половинка авокадо. Ова овошје е преполно со здрави масти кои ефективно заштитуваат.

Кога ќе ве фати глад или стрв да грицнете нешто, напијте се чаша вода. Многу пати јадеме затоа што сме всушност жедни. Водата е незаменлив елемент во човечкото тело затоа што овозможува исфрлање на токсините од телото, го забрзува метаболизмот и дигестијата.