10 мириси кои ќе ве ослободат од стресот

Мирисите имаат огромна моќ на нас и можат да ни помогнат да се опуштиме или пак да ни дадат енергија, а освен нашето расположение, можат да ги подобрат и нашиот фокус и меморија.

Ова се неколку мириси кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Лаванда – ова е првиот избор кога се соочуваме со стресот. Инстантно ги смирува умот и телото, ја намалува нервната напнатост и помага против главоболки и мигрени. Особено е корисна за луѓе кои патат од несоница и депресија.

Јасмин – овој опоен мирис ја ублажува нервната напнатост, а делува и како антидепресив благодарение на тоа што го подобрува расположението и ни дава убаво чувство на самодоверба и оптимизам.

Ванила – мирисот на ванила во јадењата дава зголемено чувство на среќа и опуштеност.

Бор – ги намалува тегобите и ослободува од стрес. Јапонските научници утврдиле дека прошетката во шума со бор помага за смирување на стресот и депресијата и помага да се опуштиме.

Лимон – ја поттикнува циркулацијата и имунолошкиот состав, ја јакне концентрацијата, овозможува смирување на умот, особено кога сме исцрпени или вознемирени, помага при анксиозност и депресија.

Цимет – делува стимулативно и ги јакнее меморијата и фокусот, помагајќи против менталниот замор.

Зачин од пиперка – овој мирис е силен и ја поттикнува енергијата и мотивацијата, подобрувајќи ја концетрацијата и јасното размислување.

Рузмарин – освен што делува против исцрпеноста, главоболките и менталниот замор, ја одржува будноста и долгорочното паметење.

Искосена трева – овој мирис дава чувство на среќа и спокој.