10 луди работи кои ги правиме само кога сме сами

Во самотијата на домот, без љубопитните погледи секој до нас може да се опушти и да биде она што всушност е. Во времето посветено само на себе, можеме да бидеме свои, чудни, па и малку луди. Што тоа правиме кога никој не не’ гледа. 

Уживање во благо 

Кој уште нема застанато пред отворен врижидер и со голема лажица или уште полошо, со раце, за да јаде од неговиот омилен колач, крем или мармелад. 

Приватен танц пред огледало 

Има ли нешто подобро од тоа да танцувате како никој да не ве гледа. Баш тоа многумина го имаат испробано во приватноста на својот дом. Новиот потег изгледа неверојатно добро пред големото огледало, штета што никогаш не би го направиле тоа во друштво. 

Расправија со ТВ ликовите

Разговарате со омилената ТВ серија, викате и се расправате со својот омилен лик, кој никако да престане да прави глупави работи. 

Душкање

„Порокот“ во кој многумина ќе се пронајдат. Душкање на сопствените пазуви. Признајте си барем еднаш сте провериле како мирисате под пазувите, иако многумина не се воздржуваат тоа да го направат во јавност. 

Солзи за олеснување

Понекогаш на луѓето им е потребен одмор. Со причина или без, поголемиот дел од луѓето во приватноста на својот дом плачат на некоја емотивна сцена од филм или омилената тажна песна. Тоа не е страшно, напротив е корисно, потребно е понекогаш да ја ослободите душата, а тоа е најдобро кога никој не ве гледа. 

Фејсбук „непријатели“ 

Признајте си, барем еднаш ја имате побарано преку фејсбук вашата поранешна љубов, поранешен пријател или некој кој едноставно не го сакате, чисто да проверите што прави. 

Огледалце, огледалце

Никогаш не е на одмет да проверите како ви стојат новите фармерки. Да се анализирате себеси, да се убедувате дека треба да почнете да вежбате и сл. Воодушевување на сопствената фигура е сценарио кое многумина го применуваат кога се сами. 

Селфи

Макотрпно барање на совршената поза за да испаднете „убави“ на селфито со кое ќе ги воодушевите вашите „следачи“. 

Вежбање

Некои луѓе сакаат да вежбаат кога се сами. Тогаш вежбањето за нив претставува психички одмор. За некои пак, медитација е вистинскиот избор.