10 лекции кои можеме да ги научиме од Близнаците

Секогаш доцнејќи на закажаните средби, но со огромна насмевка и енергија која е заразна, Близнаците имаат посебно место во нашиот живот. Тие се активни, социјални и топли личности од кои можеме да научиме многу.

10 лекции кои можеме да ги научиме од Близнаците

  1. Животот секогаш може да биде убав – кога ќе стане тешко, за некои луѓе станува многу лесно да се предадат. Но, од Близнаците можеме да научиме дека можеме да ги надминеме сите тешкотии со насмевка на лицето и верба во срцето. 

  2. На сите ни требаат пријатели – тие се социјални пеперутки кои имаат многу пријатели. Тоа е така бидејќи Близнаците знаат дека секоја личност е различна. Можеме да научиме многу од другите, а и секогаш е забавно да се биде меѓу нив. 

  3. Семејството е многу важно, но вие сте си најважни себеси  - убаво е да сме тука за семејството во сите тешки и убави мигови. Но, не можеме да им помогнеме на другите и да ги сакаме, ако прво не се сакаме себеси. Близнаците знаат колку се важни и тоа можеме да го научиме од нив.

  4. Кога не можете да смените нешто, насмевнете се.  – Понекогаш се соочуваме со тешкотии. Но, кога не можеме да ги надминеме, доволно е да се насмевнеме. Нема смисла во тоа да анализираме премногу. Понекогаш е наша вина, но понекогаш не е.

  5. Дипломатијата е силно оружје – и имајќи ја, можеме да стигнеме многу далеку. Тоа може да ги спаси нашите пријателства, бракови и врски.

  6. Ништо не е важно колку што вие мислите дека е  -  за многу работи ќе се смеете што сте се грижеле, за една година отсега. Затоа, не се преоптоварувајте премногу и не се грижете за нешто што можеби нема да се случи.

  7. Забавата мора да ја има секаде, во секој дел од животот – животот е краток и можеме да се забавуваме постојано, да се направиме себеси среќни. За Близнаците, среќата е избор, таа не доаѓа сама по себе.

  8. Во ред е да плачете  - не се плашете од тоа да ги покажете емоциите пред другите, а ни самите пред себеси. Ако ви се плаче, плачете. Тоа е дел од животот. Не морате да се правите дека сте силни пред другите луѓе.

  9. Држете ги негативните луѓе подалеку – кога ќе сфатите дека луѓето не се чесни и искрени кон вас, тогаш зошто би ви требале во животот? 

  10. Работите не се црно бели – Секој од нас има своја страна на приказната. Ако не го разбираме ова, тогаш не ги разбираме луѓето. Некогаш не е важно кој е во право, кој не е бидејќи вистината има милион страни.