10 години сеќавање низ 10 најубави мисли и цитати на Тоше Проески

Цели 10 години како се сеќаваме на неговата човечност, несебичност, скромност... За симболично да го одбележиме овој ден , 25 јануари – роденденот на Тоше Проески, време е да се потсетиме на мал дел од неговите мисли преточени во цитати.

Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.

Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.

Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.

Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.

Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.

Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.

Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.

Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.

Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.

Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.

cheap nike air max 90