10 факти со кои подобро ќе ги разберете луѓето околу вас

Колку и да мислиме дека сите луѓе се добри и чесни личности, сепак постојано се уверуваме во тоа дека сите немаат добри намери и понекогаш се злобни или нечесни. Често, не го разбираме нивното однесување и се обидуваме да сфатиме од каде поттекнува тоа.

Ова се 10 факти со кои подобро ќе ги разберете луѓето околу вас.

1. Луѓето со високо ниво на тестостерон добиваат задоволство од туѓата лутина и бес.

2. Луѓето со ниска самодоверба често ги омаловажуваат луѓето. Луѓето искрено веруваат дека нивните негативни размислувања за другите се точни. Тие мислат дека навредувањето на другите ќе им даде повеќе самодоверба.

3. Ригидноста во нивната околина ги прави луѓето нефлексибилни. Луѓето кои седат на цврсти и неудобни столици се многу непријатни во текот на преговарањето. Исто така, важен фактор е и температурата. Луѓето кои се чувствуваат како постојано да им е студено се чувствуваат и поосамени од другите.

4. Често луѓето се однесуваат како што е очекувано од нив ако мора тоа да го направат јавно или ако мораат да донесат одлука пред некој друг.

5. Лажењето бара многу умствен напор. Личноста која лаже треба да го фокусира својот ум на лагата. Како резултат на тоа, таа користи едноставни реченици бидејќи е тешко да се справи со повеќе умствени задачи одеднаш.

6. Луѓето се однесуваат подобро, кога другите ги гледаат. Доволно е само да поставите постер со човеково лице или очи во кафуле.

7. Луѓето кои некогаш изневериле, излажале или предале некого почнуваат да мешаат што е добро, а што лошо во животот.

8. Луѓето не се среќни кога имаат доволно пари и задоволства, туку кога тие имаат повеќе од нивни соседи или блиски пријатели.

9. Колку покомплексно е донесувањето на одредена одлука, толку повеќе луѓето би ги оставиле работите какви што се, без оглед на исходот. Од друга страна, луѓето често се кааат за брзите одлуки без оглед на резултатот.

10. Сите ризици и стравови не се исти. Една личност може да скока банџи но највеќе да се плаши од својот шеф.